Top Sport

Зидан не е подготвен за нова „војна“ со Бејл

И покрај „провокацијата“ која ја направи Герет Бејл со знамето на кое пишуваше: „Велс, голф, Мадрид. Во тој редослед“, тренерот Зинедин Зидан не е подготвен да влегува во нова војна со проблематичниот напаѓач, тврди „Марка“.

Откако Реал не успеа да го продаде Бејл во текот на летото, Зидан му даде нова шанса на Велшанецот и го поставуваше во игра кога тој не беше повреден, и иако му било „преку глава“ од неговото однесување, нема да реагира бурно.

Според „Марка“, кога Бејл ќе се врати во Мадрид, ќе биде пречекан како и другите играчи, со ракување и со честитка за квалификувањето на Велс на Европското првенство. Во Реал исто така сметаат дека ситуацијата околу Бејл повеќе се создава преку медиумите, отколку на теренот, и се очекува тој да биде стартер во сабота против Реал Сосиедад, бидејќи извори од клубот велат дека тој се наоѓа во „најдобра физичка подготвеност“.

Бејл славеше со Велс и го провоцираше Реал (Видео)

Scroll to Top