Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е премногу загрижен по убедливиот пораз на „Вембли“ во Лигата на шампионите. Реал, во средата загуби од Тотенхем 3:1 во четвртото коло, во Лигата на шампионите.
„Не сум и нема да бидам загрижен оваа сезона. Постојат периоди во кои топката не ти оди, топката не ти лежи“, рекол Зидан, чии тим целосно беше надигран од соперникот.
„Не убија. Беа подобри во секој сегмент на играта. Едноставно игравме против подобар тим. Мислам дека и тие се едни од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите“, дополнил Зидан, кој ги потврдил шпекулациите дека најлоша е ситуацијата во соблекувалната на Реал.
„Не можам да кажам дека во соблекувалната се е идеално, но и тоа ќе помине. Мораме да ги збиеме редовите бидејќи со ваква игра, против вакви тимови, нема што да бараме“, заклучил тренерот на Реал.