Зинедин Зидан на 7 мај 2006 година го одигра последниот натпревар во клупската кариера. Подоцна таа година н Светското првенство го одигра последниот меч во кариерата и замина во пензија.
Реал и Вилјареал одиграа нерешено 3.3, а Зидан го постигнал вториот гол за „кралскиот клуб“.
Што се случило по нтпреварот за ЕСПН раскажал тогашниот фудбалер на Реал Сисињо.
„Резултатот никого не го интересираше знаевме дека кариерата ја завршува еден од најдобрите играчи на сите времиња. Зидан беше малку тажен, а и ние се наоѓавме во некои посебно расположение“, рекол Сисињо и продолжил.
„Во соблекувалната влезе Флорентино Перез и се ракуваше со секој од нас. Кога дојде до Робињо тој во шега му кажа дека Зизу рекол дека нема да замине во пензија доколку добие две годишнен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона. Тогаш тоа беше највисоката плата во Реал. Сите се смеевме и Зидан се смееше, но Перез беше ‘мртов сериозен’. Тој се сврте кон Зидан и му кажа: ‘Само кажи и веднаш одам по договорот да го донесам за да го потпишеш. Зизу за момент се замисли и рече: Не, не…Не сакам повеќе“.