Top Sport

Зидан остана и без Модриќ

Реал Мадрид има кошмарен подготвителен. По секој меч Зинедин Зидан останува без најмалку еден играч.

Прв се повреди Марко Асенсио, ги скина лигаментите во коленото и за него пред и да започне сезоната. Потоа на тренинг се повреди Ферланд Менди и тој ќе отсуствува најмалку еден месец.

Синоќа, во дебаклот од Атлетико (3-7), Зидан остана без двајца фудбалери за кои дополнителните прегледи ќе покажата колкава пауза ќе имаат.

Лука Јовиќ го повредил глуждот и според шпанските медиуми ќе отсуствува најмалку два месеци, а Лука Модирќ го повредил коленото.

Модриќ одигра 62 минути против Атлетико, не направи ништо на теренот, како и сите негови соиграчи, а него го замени Јапонецот Кубо.

Инаку, од почетокот на годината, односно од враќањето на Зидан на „Сантијаго Бернабеу“, клубот се соочил со 32 повреди на своите фудбалери.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');