Top Sport

Зидан отворено: Нејмар и Кристијано Роналдо се „компатибилни“

На прес-конференцијата пред мечот против Селта Виго, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, конечно, се осврна на шпекулациите за наводниот план да се донесе Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан смета дека би немало проблем бразилската мега-ѕвезда да игра со Кристијано Роналдо, зборувајќи од сопствено искуство.

„Добрите луѓе имаат хемија. Дали тој е компатибилен со Кристијано? Добрите играчи секогаш се. Мене ми кажуваа дека не сум компатибилен со Јури Џоркаеф, но на теренот функциониравме добро“, вели Зидан.

Тој сепак, не отиде дотаму да каже дека го очекува Бразилецот во Реал Мадрид,

„Не знам дали клубот преговара со Нејмар бидејќи јас не сум го побарал тоа. Се надевам дека по крајот на сезоната ќе се зборува мирно за сѐ. Нема да не вознемират шпекулациите околу Нејмар, туку ќе се подготвуваме за финалето на Лигата на шампиони“, додава Зидан.

Фото: ЕПА

Реал започнал со „Операцијата Нејмар“

Scroll to Top