Фудбалскиот свет се уште е под импресии од натпреварот што го одиграа ривалите од Мадрид, Реал и Атлетико во Њу Џерс, во рамките на Меѓунардониот Куп на шампионите. Атлетико на полувреме водеше 5-0, а конечниот резултат е 7-3.
Реал Мадрид во Њу Џерси, иако се работи за контролен меч, доживеа еден од најтешките порази во историјата, а кога се работи за дуелите со Атлетико ова е најубедливиот пораз на Реал од градскиот ривал.
Колку и да сакаат во Реал да го омаловажат триумфот на Атлетико со изјавите дека „излеговвме да играме пријателски меч, а тие играа како да се работи за финале“, сигурно е дека на „Сантијаго Бернабеу“ е вклучен алармот.
По мечот тренерот Зинедин Зидан рекол дека „поразот боли, но дека не е загрижен“.
„Ќе бидеме мотивирани кога ќе започне сезоната. Не се сомневам во тоа. Сезоната ќе биде добра. Не се сомневам во тоа. Ова е само котролен меч, мораме да останеме смирени. Одигравме лошо особено на почетокот на натпреварот. Тие беа подобри во секој сегмент. Нема што повеќе да кажам“, рекол Зидан.
„АС“ тврди дека оваа изјава била само претстава за медиумите и објави дека Зидан од бес и лутина воопшто не влегол во соблекувалната по натпреварот бидејќи не можел да ги гледа своите фудбалери.
Францускиот тренер веднаш се упатил во прес салата, а откако ја одработил конференцијата за медиуми, тој заминал во клупскиот автобус.