Top Sport

Зидан „полудел“ на прашање за Бејл

Реал Мадрид утре има можност да ја освои титулата во Шпанија. Доколку Реал го победи Виљареал, без оглед на резултатот што ќе го постигне Барселона, ќе стигне до 34 титула во клупската историја.

На прес-конференцијата пред натпрреварот со „жолтата подморница“ тренерот на Реал Зинедин Зидан се изнервирал од прашањето што му го поставил еден од новинарите.

Новинарот сакал да го слушне мислењето на Зидан за однесувањето на Герет Бејл на клупата за резерви.

„Знам што сакате да направите, сакате да направите раздор помеѓу мене и Бејл. Тоа нема ви успее. Герет е дел од Реал, тој е дел од нашето семејство. Се обидувате да не искарате, нема да ви успее. Ние сме обединети, сите имаме иста цел“, рекол Зидан.

Бејл на последните пет натпревари не одигра ниту секунда и покрај фактот што Зидан има право на пет измени. Велшанецот на трибините се однесува несериозно, спие или гледа со импровизиран двоглед.

Натпреварот Реал-Виљареал утре се игра со почеток во 21 часот.

Scroll to Top