Зинедин Зидан уште еднаш ги одбил Пари Сен-Жермен, за кои поранешниот тренер на Реал Мадрид бил прва опција да го замени Кристоф Галтие на клупата на францускиот шампион, јавува „Ле паризиен“.
Галтие и покрај тоа што ја освои титулата, повторно не ги задоволи високите критериуми на катарските газди на клубот и според повеќе француски медиуми, спортскиот директор Луис Кампос веќе му соопштил дека нема да продолжи и во следната сезона, иако ова уште не е направено официјално.
Зидан беше прв избор на клубот и по отказот на Маурисио Почетино минатата година, но и тогаш и сега, Зидан, кој е познат како навивач на лутите ривали на ПСЖ, Олимпик Марсеј, ќе ја чека опцијата да стане француски селектор.
По одбивањето на Зидан, ПСЖ наводно контактирале со Јулијан Нагелсман, Луис Енрике и Чаби Алонсо, и се верува дека Нагелсман е фаворит за позицијата.