Фудбалерите на Реал Мадрид се елиминирани од Лигата на шампиони, „скалпот“ им го зема Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.
Звучи неверојатно, но ова е прва елиминација на Зинедин Зидан како тренер на Кралскиот клуб
Последен пат Зизу бил елиминиран како играч на Реал далечната 2006 година од Арсенал. Тогаш „топчиите“ славеа со 1-0 во првиот меч, а во реваншот беше 0-0.
Во претходните три обиди Зидан секогаш доаѓаше до самиот крај на елитното европско фудбалско натпреварување, во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.
Во минатата сезона Реал беше елиминиран од Ајакс во осминафиналето, но тогаш на клупата на „кралевите“ беше Солари.
Zinedine Zidane is knocked out of the Champions League for the first time as player or manager since Arsenal beat Real Madrid 1-0 on aggregate in 2006.
— Richard Jolly (@RichJolly) August 7, 2020