Top Sport

Зидан се изнасмеал на прашањето зошто Јовиќ завршил на трибините

Лука Јовиќ минатото лето за 60 милиони евра го засили Реал Мадрид. Зинедин Зидан инсистрал на неговиот трансфер, сметал дека Јовиќ ќе се бори за место во првиот тим со Карим Бензема.

Меѓутоа Јовиќ никако не може да се „најде“ по доаѓањето во Мадрид. Најчесто мечевите ги гледа од клупата за резерви, а последното „Ел Калсико“ го следеше од трибините.

По натпреварот кој Реал го доби со 2:0 новинарите го прашале Зидан за статусот на Јовиќ и зошто не бил меѓу 18 фудбалери кои конкурирале за место во тимот. На ова прашање се изнасмеал Зидан.

„Одговорот е јасен, бидејќи јас сум тренер и бидејќи јас сум тој што одлучува“, рекол францускиот тренер.

Scroll to Top