Top Sport

Зидан: Случајно го сретнав Погба

Зинедин Зиндан на прес конференцијата во пресрет на натпреварот што Реал ќе го одиграат кај Мајорка бил соочен со прашањето за средбата што ја имал со Пол Погба во Дубаи.

„Случајно беше. Се сретнавме и поразговаравме. Нема да ви кажам што зборувавме. Се знаеме долго, секако дека разменивме по некој збор“, рекол Зидан, а потоа го коментирал и одложувањето на „Ел Класико“ на 26 октомври.

„На крајот ќе постапиме онака како што ќе ни лажат. Знаме дека постои дебата, тоа е логично. Но ќе повторам ќе играме кога ќе ни кажат“.

Како можно термини за одигрувањето на натпреварот се посочени 7 или 18 декември.

Солскјер нема проблем со фотката на која се Зидан и Погба

 

Scroll to Top