Top Sport

Зидан: До смрт ќе го бранам Бензама

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, вели дека по секоја цена ќе го брани напаѓачот Карим Бензема, кој е критикуван од медиумите, но за кого тренерот смета дека е еден од најдобрите во светот.

Карим Бензема од почетокот на сезоната има постигнато само пет гола, во сите натпреварувања, за Реал. Поради тоа е најкритикуваниот играч на „кралскиот клуб“, но Зидан има целосна доверба во него.

Реал вечерва во Абу Даби ќе се бори за титулата на Светското првенство за клубови. Противник на мадридскиот клуб ќе биде шампионот на Јужна Америка, Гремио.

„Возбудени сме од самата помисла дека можеме дома да се вратиме со трофеј. Поради тоа сме тука, поради тоа се подготвуваме цела недела. Шансите се пола-пола, тоа е еден натпревар и мислам дека нама фаворит. Историјата во финалните мечеви не значи ништо“, рекол Зидан, кој дополнил дека неговиот тим не играл лошо во полу-финалето против Ал Џазира.

Францускиот стратег дал интересен одговор на прашањето поврзано со Бензема.

„Дали ќе игра Бензема?Не се согласувам со критиките. Она што мене ме интересира се головите. Карим е поинаков играч, тој нема да постигне 50 гола во сезоната, но тој прави некои други работи. Ми се допаѓа она што тој го прави за тимот. Ова е тим, а Карим е еден од најдобрите. Ќе го бранам до смрт!“, рекол Зидан.

Scroll to Top