Top Sport

Зијеш го избрал Челси поради Лампард: Тој ми дава добро чувство

Хаким Зијеш вели дека менаџерот на Челси, Френк Лампард е главната причина што се решил да ја прифати понудата за трансфер на „Стемфорд бриџ“. Мароканецот ќе дојде во Лондон во текот на летото, откако Ајакс ја прифати понудата на Челси, а го „фати“ окото на Лампард откако тие двапати се судрија со холандскиот клуб во ЛШ, а Зијеш беше вклучен во три гола во 4:4 ремито во Лондон.

„Лампард одигра голема улога. Контактиравме повеќе пати последните недели и тој ми даде добро чувство и тоа беше клучно во трансферот. Едвај чекам да почнам да работам со него. Челси се голем клуб во голема лига и ми се допаѓа стилот на игра, со напаѓачки фудбал“, вели 26-годишниот Зијеш, кој оваа сезона постигна 6 гола и имаше 12 асистенции за „копјаниците“, кои се први во Ередивизие.

Scroll to Top