Top Sport

Зијеш со прекрасен гол, Ајакс веќе има 2:0 (видео)

Ајакс со една нога е во големото европско финале против Ливерпул, откако по првото полувреме на „Јохан Кројф арената“ има 2:0 предност против Тотенхем, предност која заедно со 1:0 победата во Лондон значи дека Тотенхем треба да направи ново фудбалско чудо, можеби поголемо од вчерашното на „црвените“.

Откако прво 19-годишниот капитен Матијс де Лихт им донесе предност уште во петтата минута, Тотенхем имаше свои шанси, најмногу преку Сон Хеунг-Мин, но Хаким Зијеш во 35. минута постигна фантастичен гол оставајќи го Иго Љорис немоќен за предност по која навивачите на Ајакс почнаа да го слават финалето.

Тотенхем, иако игра подобро од првиот домашен натпревар, сега пред себе има огромна задача – потребни им се три гола во вторите 45 минути за историскиот успех.

Scroll to Top