Top Sport

Зинченко му порача „тешка болна смрт“ на Путин, Инстаграм му ги избриша постот

Дефанзивецот на Манчестер сити, Олександер Зинченко му порача на рускиот претседател „тешка и болна смрт“ на Инстаграм, по што постот му беше избришан.

По „специјалната воена операција“ која Русија ја започна во Украина, Зинченко, кој долго време играше во Русија пред трансферот во Сити, објави фотографија со Путин и со порака: „Се надевам дека ќе умреш најтешка болна смрт, креатуро“. Постот беше отстранет, и според британските медиуми 25-годишниот Зинченко вели дека тоа е одлука на Инстаграм.

Претходно, Зинченко изјави дека нема да биде тивок околу ситуацијата.

„Целиот цивилизиран свет е загрижен за ситуацијата во мојата земја. Не можам да молчам и да не го кажам моето мислеењ. Земјата каде што бев роден и пораснав. Земјата чии бои ги бранам на интернационалната сцена. Земја која сакаме да ја славиме и да ја развиваме и чии граници се неповредливи. Земјата која припаѓа само на Украинците. Нема да се предадеме. Слава на Украина“, напиша Зинченко вчера.

Scroll to Top