Top Sport

Златан бил блиску до Баерн, но имал „боговски“ побарувања за плата

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес тврди дека во минатото преговарале за трансфер на Златан Ибрахимовиќ во германскиот гигант, но дека преговорите не можеле да завршат добро поради „боговските“ побарувања за висока плата на Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ играше во сите големи европски лиги освен Бундеслигата, со настапи за Барселона, Јувентус, Интер, Милан, Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед, но и за Ајакс, Малме и Лос Анџелес глакси. Хенес вели дека тие едноставно не можеле да прифатат такви услови за договор.

„Тој вели дека фудбалски бог, но и неговите барања за плата беа ‘боговски’. Бевме заинтересирани во минатото, но воопшто не дојдовме до вистински преговори поради таа причина“, вели Хенес за „РТЛ“.

Scroll to Top