Top Sport

Златан до Мбапе: Немој да ги слушаш пофалбите

Златан Ибрахимовиќ вели дека Килијан Мбапе е неверојатен фудбалер, но го предупреди младиот Французин да не ги слуша постојаните пофалби кои доаѓаат на негова сметка и наместо тоа да се фокусира на работата.

20-годишниот Французин во 2018 стана вистинска мега-ѕвезда, откако беше дел од француската репрезентација која ја освои титулата на СП во Русија, а во декември го доби „Копа трофејот“ како најдобар фудбалер под 21 година. Со ПСЖ тој стигна до титулата минатата година, а оваа година се на чекор до еден трофеј и до пласман во четврт-финалето на ЛШ.

Ибрахимовиќ, кој помина четири години во Париз од 2012 до 2016 година, вели дека е импресиониран, но побара внимателност.

„Мбапе е фантастичен. Тој е млад, има веќе доста трофеи зад себе и уште се подобрува како фудбалер. Мора само да го заддржи својот фокус, иако атмосферата која се прави околу него со пофалбите не е пријатна. Нека остане фокусиран, нека тренира посилно и ќе биде уште подобар“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top