Мино Рајола, во дел опширното интервју што го дал за „Тутоспорт“, посветил и на Златан Ибрахимовиќ. Ветранот, блеска оваа сезона во дресот на Милан, тој е најдобар стрелец, а клубот е лидер во Серија А.
„Златан е Златан. Бројките говорат за него. Минатото лето беше слободен играч, сите згрешија што не го донесоа, тука мислам и на Јувентус. Тој ќе му беше идеален партнер во нападот на Крстијано Роналдо. Без проблем можат да играат заедно, Пирло требаше да размисли за таква опција. Со него во тимот сега е тешко да го победите Милан. Златан е најкомплетниот играч во историјата на фудбалот. Го има квалитетот на Меси и менталната сила на Роналдо“, рекол Рајола.
Менаџерот на Ибрахимовиќ дополнил дека Златан е класа и дека би имал осум Златни топки доколку победникот го бираат навивачите.