Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се вратил на тренинзи два дена по крајот на карантинот по позитивниот тест на КОВИД-19, јавуваат италијанските медиуми.
39-годишниот ветеран беше позитивен пред мечот од третото квалификациско коло од Лига Европа против португалскиот Рио Аве и пропушти четири меча, откако имаше фантастичен старт на сезоната – два гола против Болоња во првото коло. Милан и без него остана совршен со победи над Кротоне и Специја.
Според „Ла газета дело спорт“, Швеѓанецот денеска наутро се појавил во тренинг центарот во Миланело и учествувал во тренинг-сесијата во 10.30 часот наутро. На 17 октомври, Милан игра во дербито со Интер и се очекува тој да биде во стартниот состав.