Top Sport

Златан го добил посакуваното – 7 милиони евра плата од Милан

„Скај спортс Италија“ тврди дека Златан Ибрахимовиќ се договорил за продолжување на договорот со Милан, добивајќи ги посакуваните 7 милиони евра за останување на „Сан Сиро“.

Швеѓанецот уште не е вратен во Миланело, каде што клубот ги почна подготовките за сезоната 2020/21, чекајќи договор со управата на тимот. Според италијанските извори, по обидите на Милан да му дадат договор на 5 милиони евра со голем број на бонуси, Златан ја добил посакуваната сума од 7 милиони евра без никакви бонуси и сега веднаш ќе се врати во Милано.

Влијанието кое 38-годишниот ветеран го имаше во тимот по неговото враќање во јануари беше огромно, откако тој постигна 10 гола во 18 меча и помогна „росонерите“ да направат низа од 13 меча без пораз во Серија А.

Scroll to Top