Top Sport

Златан го „откачи“ аргентинскиот новинар (видео)

Шведската фудбалска мега-ѕвезда на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ беше мета на критики откако луто и непристојно реагираше на едно прашање на еден аргентински новинар во тек на сесија за автограми за фановите.

37-годишниот Ибрахимовиќ потпишуваше автограми за фановите по 4:3 поразот од Сиетл саундерс, кога новинарот сакаше да го запраша за трансферот на Даниеле де Роси од Рома во аргентинскиот клуб Бока јуниорс.

Новинарот воопшто не успеа да го доврши прашањето, кога Ибрахмовиќ видливо нервозен му одговори: „Сакаш фотографија? Не? Пријатно“.

Scroll to Top