Откако доби награда за својата кариера на Глоуб сокер наградите во Дубаи, Златан Ибрахимовиќ се „зезаше“ со својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Вејн Руни, по критиките кои ги доби Руни од Кристијано Роналдо.
Ибра, покрај Руни и Ромарио беа добитници за признание на нивните кариери, но Швеѓанецот е единствен уште активен фудбалер, иако паузира поради операцијата на коленото. Тој инсистира дека сака да продолжи.
„Уште сум остар како нож! Дали изгледам остро, Ваза?“, му се обрати Златан на Руни.
Роналдо во интервјуто го посочи Руни, велејќи дека не знае зошто го критикува, но посочи дека е позгоден од него.
Златан, пак, неодамна кажа што мисли за Англичанецот.
„Тој што играл со Руни мора да биде среќен бидејќи играл со некој кој го направил подобар. Кога играше со Кристијано, цела работа беше завршувана од Руни, но Роналдо ги добиваше пофалбите за головите“, изјави тогаш Златан.
"I'm sharp, sharp as a knife" 😆
Classic @Ibra_official 😂@Globe_Soccer | #GlobeSoccer pic.twitter.com/XEzsHzw3LU
— Eurosport (@eurosport) November 17, 2022