Top Sport

Златан и Џиџи менуваат правила – за сите ограничена плата, но не и за нив

Иако во последно време калчолигашот Милан носи искусни засилувања, сепак фокусот на моментниот лидер на табелата во Серија А во иднина ќе се млади играчи.

Управата на клубот предводена од извршниот директор Иван Газидис одлучи да ја ограничи заработката на сите играи во првиот тим.

Според пишувањата на „Gazeta delo Sport” планот е платата на сите играчи да е ограничена максимум до 4 милиони евра по сезона нето плата.

Сепак, секогаш постојат исклучоци. Тоа се двајца фудбалери, Златан Ибрахимовиќ и Џанлуиџи Донарума. Според договорот кој го имаат до крајот на сезоната, Ибрахимовиќ зема 7 милиони евра, а се очекува да добие понуда за продолжување на соработката.

„Ибрахимовиќ е исклучок, тој е секогаш посебен. Има неверојатни лични и физички квалитети. Ибра ги менува правилата, се е можно, овој предизвик е најромантичен во неговата кариера. Има историја со клубот“ изјави Газидис за „Скај Спорт“.

Од друга страна, Донарума со договор е врзан до летото 2021 година, а годишната плата му е 6 милиони евра. Сепак тоа не ги задоволува апетитите на неговиот менаџер, Мино Раиола. Тој сака плата за неговиот клиент од 10 милиони евра.

Scroll to Top