Top Sport

Златан и Гатузо имале дуел во џиу-џицу, што мислите кој победил?

Поранешната бразилска ѕвезда Робињо открива дека Златан Ибрахимовиќ на тренинг имал џиу-џицу партија со Џенаро Гатузо додека двајцата беа фудбалери на Милан. Бидејќи Ибрахимовиќ има црн појас во боречката вештина, јасно е кој бил победникот.

Робињо открива дека Златан верувал дека не може да загуби и дека оваа ароганција го кренала над другите фудбалери.

„Златан честопати кажуваше дека тој ги убедил Милан да потпишат со мене. Ми велеше: ’Тука си бидејќи јас сакам така’. Дали е арогантен? Да, но на добар начин. Тој има целосна доверба во својот талент. Еден ден на тренинг го предизвика Гатузо на џиу-иџу меч. И Гатузо се согласи. Кој победи? Златан секогаш победува“, вели Робињо во интервју за „Марка“.

Сепак, мора да се честита на сегашниот тренер на Наполи, Гатузо за својата борбенос т и подготвеност да се соочи со човек десет сантиметри повисок од него. Андреа Пирло во својата автобиографија тврдеше дека Гатузо често ги бодел своите соиграчи со виљушки!

Scroll to Top