Преговорите меѓу Милан и ветеранот Златан Ибрахимовиќ за нов договор продолжуваат, откако италијанските медиуми јавуваат дека неговите побарувања за платата се превисоки за „росонерите“.
Според „Спортмедија“ и „Ла газета дело спорт“, Милан нудат 6 милиони евра годишно за 39-годишниот Швеѓанец со различни бонуси, но Златан бара 7.5 милиони евра. Сепак, јасна е волјата на двете страни да се стигне до компромис и тој да остане на „Сан Сиро“.
И покрај тоа што пристигна од Лос Анџелес галаски во јануари како слободен играч, Ибрахимовиќ беше најдобар стрелец на клубот со 10 гола во 18 меча.