Добронамерната „војна“ со трикови помеѓу поранешните соиграчи Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ продолжува, но Швеѓанецот по четвртата „рунда“ вели дека играта е завршена.
Предизвикот додека двајцата чекаат фудбалот да се врати на терените го започна фудбалерот на Манчестер јунајтед Погба со неколку трикови со топка, тагирајќи го сегашниот фудбалер на Милан, Ибрахимовиќ.
По првичните обиди, Ибрахимовиќ со петица ја прати топката во „кошот“ зад него и му порача на Погба дека „играта е завршена“, по што Погба одговори со уште поимпресивно видео во кое со помош на ѕидот ја смести топката во малиот кош и порача дека е чест да се победи „лавот Златан“.
View this post on Instagram
Претходно, битката изгледаше вака…