Top Sport

Златан им порача на жителите на Милано: Бог се врати и ве гледа!

Златан Ибрахимовиќ од Милано им прати порака на граѓаните на италијанскиот метрополис, а посебно на „росонерите“ дека се вратил и дека внимава на нив.

Шведскиот ветеран поголем дел од последните два месеци го помина во Шведска, каде што тренираше со Хамарби, клубот каде што е делумен сопственик, но откако Милан го повика да се врати во Италија, тој мора да го помине 14-дневниот карантин пред да се приклучи на тренинзите.

„Бог се врати и ве гледа“, вели кратката, но ефективна порака на Златан.

Scroll to Top