Златан Ибрахимовиќ и на 36 години „растура“ во МЛС лигата, откако постигна два гола за својот клуб Лос Анџелес галакси, но калифорниското дерби против Сан Хозе ертквејкс заврши само со 3:3.
Двата тима се на позиции во МЛС Западната конференција кои не гарантираат место во плеј-офот, но Галакси влегоа во мечот со три победи во пет меча. Ибрахимовиќ започна фантастично со гол уште во првата минута.
Крис Вондоловски израмни за Сан Хозе во 15. минута откако неговиот удар од белата точка беше одбранет, а четири минути подоцна Роман Алесандрини од слободен удар го врати водството на Галакси, пред Ибрахимовиќ исто така од слободен удар за донесе 3:1 водство за тимот од Лос Анџелес.
Сепак, ова водство не беше доволно – Валери Казаишвили намали на 3:2 пред полувремето, пред Вондоловски да израмни на 3:3 во 69. минута, овојпат со прецизен удар од белата точка.