Top Sport

Златан пред сензационален трансфер во Египет?

Според мексиканскиот весник „Рекорд“, шведската мега-ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши сезоната во МЛС со Лос Анџелес галакси и ќе направи трансфер во Египет.

36-годишниот Ибрахимовиќ си замина од Манчестер јунајтед оваа година, за да потпише за Галакси, каде што има забележителни успеси, меѓутоа сега има богата понуда од фудбалскиот клуб Пирамид ФЦ во сопственост на саудискиот милијардер, Турки Ал-Шеик. Пирамидс е нов проект на Ал-Шеик и оваа сезона е главен ривал на тимовите на Ал Ахли и Замалек за титулата.

Според весникот, „парите не се проблем“.

Ибрахимовиќ има постигнато 16 гола во 21 настап за Галакси, со кои има важечки договор до декември 2020 година.

Scroll to Top