Златан Ибрахимовиќ има статус на вистинска суперѕвезда во Шведска, така што не беше чудно кога обложувалницата „Бетхард“ реши да го ангажира за снимање на реклама, во која тој зборува на босански.
Неговиот „колега“ во рекламата е Драгомир Мршиќ-Гаго, еден од најпознатите спортски коментатори од Шведска, кој исто така има потекло од Босна и Херцеговина – роден е во Приедор.
По „битката“, двајцата се во кафе, каде што пијат чај, и Ибра се лути кога Мршиќ ќе го потроши цело млеко.
„Па, што правиш, го зема цело млеко, сељак. Ова да ти е последен пат, разбираш?“, се заканува Ибрахимовиќ.
Мршиќ одговара: „Па, добро што ќе биде, ќе ме е.еш?“. На што Ибрахимовиќ додава: „Никогаш не се знае“.
Watch my very own version of the first TV commercial for Bethard. You might need someone who speaks Bosnian to help you with translations though @BethardSverigehttps://t.co/xSn6O0j95S
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) March 27, 2018