Златан Ибрахимовиќ вели дека чувствувал „адреналин и емоции“ при камбекот во дресот на „росонерите“, но признаа дека сакал да постигне гол пред „Курва и да слави како Бог“.
Швеѓанецот го имаше првиот настап за Милан од мај 2012, заменувајќи го Кшиштоф Пјонтек во второто полувреме при 0:0 ремито со Сампдорија.
„Можев да почувствувам многу адреналин, емоции и чувства кои го носам со себе девет или десет години. Односите со фановите остануваат прекрасни и ми даваат голема мотивација. Сакав да влезам на теренот, да постигнам гол и да славам како Бог пред Курва. Се забележуваше дека тимот нема доверба и агресија во нападот и не бевме ефективни. Тука сум четири дена и правам сè да го придвижам тимот повторно. Има недостаток на доверба во тимот“, вели Ибрахимовиќ за „Скај спорт Италија“.
Тој со 38 години беше внесен во игра заедно со 20-годишниот Рафаел Леао.
„Се обидував да му ги објаснам движењата што треба да ги прави, тие кои доаѓаат со искуство. Фановите не се среќни и резултатите не се позитивни, но мораме да работиме. Треба да се запознаеме и да знаеме што ни е потребно“, вели Ибра.