Top Sport

Златан се врати на тренинзи, ќе им биде потребен на Милан

Откако пропушти три меча од Серија А поради повреда на бутниот мускул, Златан Ибрахимовиќ се врати на тренинзи со соиграчите од Милан во соврешно време, кога неговиот тим како да „губи здив“ без него.

Шведскиот ветеран се повреди на 3:1 гостинската победа кај Наполи на 22 ноември, во меч во кој постигна два гола, за да стигне до бројката од 10 гола во само шест лигашки настапи. Без него, Милан прво ги победи Фиорентина и Сампдорија, пред вчера во 91. минута да спаси 2:2 реми против Парма на „Сан Сиро“.

Тренерот Стефано Пиоли изјави дека го очекува Златан во составот за дуелот со Џенова во среда. Милан останува непоразен во Серија А по 11 меча, а претходните три сезони во кои биле без пораз толку долго во лигата (1991/92, 1992/93 и 2003/04), го освојувале скудетото.

Scroll to Top