Top Sport

Златан: Со овој Милан и јас сум млад, јас ќе ја преземам одговорноста

Златан Ибрахимовиќ вели дека се чувствува млад на 39 години и дека е подготвен да ја преземе одговорноста за Милан, откако имаше фантастичен гол и асистенција при 2:1 победата над Удинезе.

„Голот беше убав, но поважно беше да се победи, така што голот вреди три поени. Мечот беше тежок, но покажавме дека не се плашиме од работа, од страдање и во такви тешки моменти се гледа дека тимот работи во вистинска насока. Ние сме еден од најмладите тимови во Европа, иако јас им го кревам просекот, тие ме прават да се чувствувам млад. Тие се гладни и никогаш задоволни на меч или на тренинг. Ќе ја преземам одговорностас и притисокот, тие не мора да го чувствуваат тоа. Само нека работат, веруваат и го следат патот“, вели Швеѓанецот.

Дали Милан можат до скудетото по фантастичниот старт на сезоната?

„Работите одат добро, но и пред неколку недели кажав дека мора да одиме меч по меч. Секој меч како финале, па да видиме до каде ќе стигнеме. Се надевам дека бргу ќе ги видиме навивачите на стадион, за да го видат овој Милан одблиску, бидејќи играме за нив и сакаме да се дел од авантурата“, објаснува Златан.

Дали некој му кажал дека има 39 години? Златан со невиден гол за нова победа на Милан

Scroll to Top