Top Sport

Златан вети дека ќе го заврши тоа што го почна во Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ се враќа во Манчестер јунајтед со една цел – да се освои титулата од Премиер лигата, и ниту долгото опоравување од повредата на коленото нема да го спречи да го направи тоа.

36-годишниот поранешен шведски капитен е во „аут“ откако ги скина лигаментите во коленото при четврт-финалето од Лигата на Европа против Андерлехт во април.

„Кажав дека ќе се вратам да го завршам тоа што го почнав. Сè што градев минатата сезона доби неславен крај, иако Јунајтед освои три трофеи. Целта е Премиер лигата. Тоа морам да го завршам. Сè што почна во првата сезона ќе го завршиме во втората“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Скај спорт“ со француската фудбалска легенда, Тјери Анри.

Повредата фрли сенка на иднината на Ибрахимовиќ во Јунајтед, бидејќи тој имаше само едногодишен договор, но Швеѓанецот вели дека поради тоа работите се поедноставни.

„Во тој момент беше полесно да кажам дека ќе се вратам бидејќи имав предизвик пред мене. Предизвикот беше во тоа што претходно немав некоја поголема повреда, така што веднаш сите зборуваа дека сум престар, дека е готово. Тоа ми даде енергија и цел. Нема да си отидам куцајќи, туку на начинот на кој сакав. Дури и да треба да одам по вода“, завршува Ибрахимовиќ, кој според најавите би требало да се врати на фудбалот пред Нова година.

Scroll to Top