Златко Далиќ е новиот селекторт на фудбалската репрезентација. Тој доаѓа на местото на Анте Чачиќ кој доби отказ по синоќешното реми на Хрватска и Финска (1:1) со кое „коцкестите“ со ги компромитираа шансите за пласман на Мундијалот во Русија.
Веста дека Далиќ ќе ја предводи репрезентацијата на тешкото гостување во Украина, во рамките на последното квалификациско коло, ја објави првиот човек на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, на вонредна прес конференција.
„Ние како Сојуз сме одговорни бидејќи го поставивме Чачиќ. Далиќ ќе не предводи во решавачкиот натпревар против Украина во Киев. Едногласно го избравме. Се надеваме дека ќе забележиме позитивен резултат. Она што сега е најважно е што ја прекинавме соработката со Чачиќ. Ноќта беше долга и бурна, во игра беа четири имиња, а Извршниот одбор гласаше за Далиќ“, рекол Шукер, кој одговорил и на прашањето дали тој чувствува одговорност и дали ќе си поднесе оставка на функцијата.
„Наскоро ќе имаме избори. Ќе видиме што ќе речат членовите на собранието на Сојузот и одборот кои го бираат раководството на Хрватскиот фудбалски сојуз“, рекол Шукер.
Хрватска на 9.октомври гостува во Киев, а дури и со евентуален триумф првото место во И групата е речиси недостижно, бидејќи Исланд игра на домашен терен со аутсајдерот Косово.
Новиот селектор Далиќ има 50 години. Тој е поранешен фудбалер на Хајдук, Вележ, Будуќност, Динамо Винковци и Вартекс, клуб во кој во 2005 година ја започнал тренерската кариера.
Далиќ во периодот од 2006 до 2011 година бил асистент во младата селекција на Хрвстака, потоа работел во Риека, Динамо Тирана, Славен Белупо, Ал Фесали и Ал Хилал, а од 2014 до 2017 година бил тренер на Ал Аин