Фудбалерите на Болоња ја забележаа првата победа во 2021 година, со што ја прекинаа серијата од осум натпревари без триумф во Серија А. Во премиерниот меч од 18.коло, Болоња ја победи Верона со 1:0. Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, во досегашната кариера нема пораз од Верона, а денешниот триумф беше четврти за него против екипата од „Бентегоди“ стадионот.
Натпреварот на „Ренато Делара“, го реши Рикардо Орослини во 19.минута. Крилниот напаѓач на Болоња, успешно реалзираше пенал.
Верено, по примениот гол, беше подбар ривал на теренот, особено во второто полувреме, меѓутоа не Драговски со неколку интервенции спреќи израмнување.