Хенрик Мхитаријан од вчера е играч на Арсенал. Тоа беше еден од условите тимот од Лондон да му дозволи на Алексис Санчез да се пресели во Манчестер јунајтед. Интересно во своите нови клубови двајцата играчи на грбот ќе ја носат „седумката“.
Но она што по вчерашниот трансфер го привлече вниманието е изјавата на Мхитаријан, дека ги остварил сништата.
„Го остварив својот си=он, секогаш сум сонувал да играм за Арсенал“, рекол на прествувањето во Лондон, Ерменецот.
Ништо во оваа изјава немаше да биде спорно доколку не се потсетиме на изјавата на Мхитаријан кога беше преставен на „Олд Трафорд“.
„Мојот сон беше да играм за голем клуб каков што е Манчестер јунајтед“, рекол Ерменецот во Манчестер во 2016 година, а слични му биле и зборовите во2013 година кога од Шахтјор пристигна во Дортмунд.
„Ова сон за мене, моето срце се реши за Борусија“.