Top Sport

Знаете ли колку Црвена ѕвезда платиле за Милан Павков?

Чуда во спортот се случуваат, ретко но се случуваат. Синиќешната победа на Црвена ѕвезда над Ливерпул, покажа дека не секогаш парите играат клучна улога. На овие простори луѓето би рекле: „Парите не можат да ја купат љубовта кон клубот и дресот“.

Ливерпул го сруши тимскиот дух на сите играчи на Црвена ѕвезда, а егзекутор беше Милан Павков, со два гола во 22. и 29.минута.

Корпулентниот напаѓач направи она за што веројатно ниту не сонувал. Два гола, од кои вториот навистина спектакуларен, против европскиот вице-првак.

Неговиот случај е најдобар пример дека парите не мора секогаш да ја играат главната улога во модерниот фудбал.

Црвена ѕвезда трансферот на Павков, во 2017 година од Раднички Ниш издвоиле 300.000 евра. Не се изборил за место во тимот и веднаш бил вратен во Ниш, да настапува за овој тим како позајмен играч.

Оваа сезона се врати во Белград, беше пред заминување, но само повредата на напаѓачот што беше проектиран да биде стартер Стоиљковиќ, го натера тренерот Милојевиќ да ја смени одлуката и Павков да остане на „Рајко Митиќ“.

Српскиот шампион за својот напаѓач платила 300.000 евра, додека Ливерпул за оние што требаа да го чуваат голот од Павков, издвоиле неверојатна сума од 141,3 милиони евра. Ливерпул за Ван Дајк плати 78,8 милиони евра, а за голманот Алисон Бекер 62,5 милиони евра.

Инаку, според „трансфермаркт“, целиот тим ан Ливерпул вреди 913 милиони евра, а тимот на Црвена ѕвезда 43,90 милиони евра.

Scroll to Top