Top Sport

Зоф: Гаскоњ е уметникот кој ја отфрлил својата уметност

Легендарниот италијански голман Дино Зоф во едно интервју открил поради кој фудбалер бил очаен. Зоф се присетил на периодот кога бил тренер во Лацио и неговата соработка со Англичанецот Пол Гаскоњ.

Пол Гаскоњ е еден од најконтроверзните ликови во историјата на фудбалот. Уметник со топката, со незгоден карактер, алкохоличар и нарко-зависник.

Гаскоњ играл во Лацио во периодот од 1992 до 1995 година.

„Бев очаен поради него. Тој беше голем уметник кој ја отфрли својата уметност. Секогаш сум ги обожувал уметниците, луѓето што креираат. Голманите не креираат ништо. Жал мие за него, тој ја отфрлил својата уметност на многу лош начин“, рекол Зоф и продолжил.

„Моето срце плачеше за него. Тогаш беше евидентно дека ќе има проблеми кога ќе престане да игра фудбал. Тоа беше логично“, заклучил светскиот првак со Италија во 1982 година.

Гаскоњ во кариерата играл за Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс, Мидлсброу, а кариерата ја завршил во 2002 година во Евертон.

Scroll to Top