Миленикот на навивачите на Челси, Џанфранко Зола, се врати во клубот, откако е именуван за прв помошник на новиот тренер Маурицио Сари.
Поранешниот фудбалер на „Стенфорд Бриџ“ мина седум години (1996-2003) и во тој период постигнал 80 гола.
„Ова е одлично, се вратив во Челси. Сакам напорна работа, пред нас е голем предизвик, а јас верувам дека ќе бидеме успешни. Ќе дадам се од себе исто тоа го правев и кога бев играч“, изјавил Зола за клупската интернет страница.
Зола зад себе има тренерско искуство, бил селектор на кадетската репрезентација на Италија, а ги тренирал Вотфорд, Вест Хем, Калјари, Ал-Араби и Бирмингем.