Top Sport

Зошто четвртиот судија беше разочаран од победничкиот гол на Кејн?

Навивачите на Тотенхем на социјалните мрежи се прашуваа зошто четвртиот судија на нивното дерби со Манчестер сити, Крег Посон бил посебно разочаран од победничкиот гол на Хери Кејн на „Етихад“.

Тотенхем стигнаа до блескава 3:2 победа благодарение на фантастичниот гол на Кејн во последните моменти од мечот, по што камерите на „Скај спортс“ ја забележија реакцијата на двајцата стратези – Пеп Гвардиола беше очигледно разочаран, додека Конте трчаше кон својата клупа, а најчудна е реакцијата на Посон, кој разочарано гледа кон Гвардиола, како да му е жал што мечот заврши така.

„Дали е тоа помошникот на Пеп? А, не тоа е судијата“, прашува еден навивач на Тотенхем. Навистина чудна реакција на неутрален судија.

Scroll to Top