Прославениот француски репрезентативец, Емануел Пети, кој неколку сезони со голем успех играше за Арсенал, жестокот ги критикувал челниците на клубот. На Пети не му е јасно што сакале да постигнат кога го отпуштиле Арсенал, а не планирале да вложат пари во реконструкција на тимот.
Арсен Венгер, по завршувањето на минатат сезона го напушти Арсенал. Две децении Французинот го предводеше тимот, а за негов наследник е поставен Унаи Емери. Многумина сметаат дека промените биле неопходни, но Пети вели дека не гледа никаква промена.
„Го отпуштиш Венгер, носиш нов тренер и потоа му соопштуваш дека немаш пари за засилувања. Поради тоа прашувам, каква цел имавте кога го отпуштивте Венгер?“.
На почетокот на сезоната клубот потроши 79 милиони евра за трансферите на Лукас Тореира, Бернд Лено, Сократис Папстадопулос и Матео Гендузи.
„Сугирен сум дека Емери е фрустриран, кога дознал дека нема да добие ниту еден нов фудбалер во јануари. Јунајтед, Ливерпул и Сити трошат многу пари и доколку Арсенал не застанат до нив тогаш нема никакви шанси против овие тимови. Тотенхем не потроши ништо, но тие се во иста позиција во која Арсенал беше пред неколку години кога се градеше стадионот“, рекол Пети.
Арсенал по поразот од Манчестер сити (3:1) се наоѓа на шестото место во Премиер лигата со 47 бода.