Манчестер јунајтед едвај стигнаа до 2:1 победа над Вест хем во меч на „Олд Трафорд“, но новинарот на „Прес асосиејшн“, Сајмон Пич направи едно чудно откритие на трибините по мечот – гумена секс-играчка.
Didn’t expect to see this by the Old Trafford dugout. So. Many. Questions. pic.twitter.com/fIlbaxwaxu
— Simon Peach (@SimonPeach) April 13, 2019
Што бараше таму? Тоа е прашање што има многу едноставен одговор – ја фрлиле навивачите на Вест хем и не е првпат – се работи за интерна шега за сопствениците на клубот, Дејвид Саливен и Дејвид Голд. Двајцата го направија своето богатство на почетокот на кариерата во сексуалната индустрија – Голд е сопственик на брендот „Ен Самерс“, додека Саливен беше продуцент на порно-магазини. Навивачите дури имаат и прекар за нив – „Дилдо брадерс“.
Еден новинар кој ги следи Вест хем само прокоментира дека се работи за „стандардна опрема за гостувања на Вест хем“, но беше импресиониран што стигнал толку далеку. На гостувањето кај Брајтон оваа сезона, судијата Кевин Френд беше фотографиран како отстранува уште едно дилдо од теренот.