Поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед, Патрис Евра и Гери Невил се зачудени од одлуката зошто клубот го донесе Дони ван де Бек во текот на летото бидејќи е јасно дека за него во моментов нема место во тимот.
Ван де Бек остана на клупата при 0:0 ремито со Челси во саботата и уште нема стартувано меч од Премиер лигата по трансферот од Ајакс во текот на летото, бидејќи Оле Гунар Солскјер има повеќе опции во средината и повеќе им верува на Скот Мектоминеј, Фред и Пол Погба. Евра вели дека тој едноставно не е потребен.
„Зборуваме за Ван де Бек, иако немам ништо против момчето, не ми е јасно зошто потпишавме со него? Тој сега само ги гледа мечевите од трибините секој меч. Не ни е потребен, тоа е вистината“, вели Евра.
Невил признава дека ситуацијата е чудна.
„Малку е мистерија која е користа од Ван де Бек бидејќи платија 40 милиони фунти за него. Тој не е во плановите на Оле, и колку повеќе нема да игра повеќе ќе се поставуваат овие прашања. Кога ќе дадете 40 милиони фунти за некого, очекувате да игра“, вели Невил.
Солскјер даде краток одговор по мечот со Челси.
„Не се грижете за тоа. Тој ќе ги добие своите мечеви. Лесно е да се каже кој треба да игра, а многу потешко кој не треба да игра“, изјави менаџерот.