Јирген Клоп по победата на Ливерпул над Челси (2:0) морал да им објасни на новинарите зошто бил лут во моментот кога Андрес Кристенсен од Челси доби црвен картон.
Германецот бил лут бидејќи слушнал аплауз поради одлуката на судијата да го исклучи Данецот. Клоп гласно и јасно порачал што мисли за аплаузот.
„Дали си луд? Ние никогаш не го правиме тоа“.
Тренерот на Ливерпул појаснил е дека аплаузот не доаѓал од ниту еден од резервните фудбалери, ниту од членовите на неговиот стручен штаб.
„Тоа беше еден човек од нашата делегација. Веќе му кажав што мислам за неговото однесување, во овој момент не би сакал повеќе да разговарам на таа тема“.