Поранешниот потпретседател на Монако, Вадим Василев, смета дека Килијан Мбапе има голема желба да се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе во 2017 година и покрај интересот од Реал реши од Монако да се пресели во Пари Сен Жермен.
„Зошто не замина во Реал? Ми рече: ‘Вадим, мислам дека е рано, јас сум роден во Париз, нема така лесно да ја напуштам мојата земја, сакам овде да станам голем играч. Реал ќе ме чека’. Му одговорив: ‘Килијан во право си’. Тој сака да победува, а таков играч мора да ја освои Лигата на шампионите, доколку тоа го направи со ПСЖ тоа ќе биде уште подобро за него“, рекол Василев и дополнил.
„Реал ќе тропнат на неговата врата и кога ќе дојде таму ќе го чека полн стадион. Тој и понатаму е истата личност, но сега има почит и моќ на светско ниво. Добро го познавам Кристијано Роналдо тој сака да ги собори сите рекорди. Килијан е ист како него“.
Минатата сезона Мбапе постигнал 39 голови во сите натпреварувања, оваа сезона во која се мачи со повредите има постигнато девет гола.