Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, во пресрет на дербито со Реал, открил како неговиот најдобар играч Лео Меси ја „чита“ играта на противникот.
Познато е дека Меси, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, во воведните минути од натпреварите не сака по секоја цена да има контакт со топката, Валверде знае зошто е тоа така.
„Меси е екстремен случај. Тој во ведните минути го проучува противникот. Во тој период тој ја игнорира топката и нападите на тимот за да може да се движи и да ги следи движењата на одбраната. Го меморира позиционирањето на своите противници. Потоа, како натпреварот одминува, тој многу добро ги „чита“ нивните движења и знае кои се нивните слабости“, рекол тренерот на Барселона.
Барселона вечерва од 20.45 часот ќе му гостува на Реал.