Top Sport

„Зошто не го разменив дресот со Меси? Таа лекција ја научив од Рој Кин“

Џордан Хендерсон минатата сезона прв пат во кариерата се соочи со Лионел Меси. На „Ноу Камп“ во првиот полу-финален меч во Лигата на шампионите Барселона победи со 3:0, но во реваншот Ливерпул одигра спектакуларно победи со 4:0, се пласира во финалето, а подоцна ја освои титулата.

Една година подоцна Хендерсон открил зошто по мечот во Барселона не го разменил својот дрес со Меси.

„Тоа не го правам никогаш. Зошто? Додека бев во Сандарленд Рој Кин ми кажа дека доколку бараш нечии дрес, тоа значи дека му се восхитуваш на тој играч. Ја запамтив таа лекција. На крајот ги разменивме дресовите со Луис Суарез, мо го даде дресот игравме заедно во Ливерпул“.

На тој натпревар Меси постигна два гола. Вториот од слободен удар беше спектакуларен.

„Пред мечот не си помислив: „О тоа е тој“. Јасно е дека не е исто кога го гледате на ТВ и кога играте против него. Колку е брз…И оној слободен удар, се уште не ми се верува дека постигна гол. Мислев дека ќе ја додаде топката до соиграчот, дека воопшто нема да шутира. Алисон е феноменален голман, но против толку прецизен удар немаше шанси“.

Scroll to Top