Top Sport

Зошто само Фонте не го прегрна Кристијано Роналдо?

Португалските репрезентативци еуфорично го прославија голот за 3:3 во 85.минута, на натпреварот против Шпанија, а само еден од нив не го прегрна херојот Кристијано Роналдо.

Роналдо, на прет минути до крајот на мечот, постигна гол од слободен удар, го комплетираше хет-трикот и го израмни резултатот на 3:3.

По постигнувањето на голот сите соиграчи, во близина на корнер знаменцето, го славеа голот, а само еден на оддалеченост од неколку метри го гледаше тоа.

Многумина помислија дека постои некаква нетрпеливост помеѓу херојот Роналдо и дефанзивецот Фонте, меѓутоа причината е поинаква.

Фонте, многу мудро, не заминал да го слави голот и со тоа го заштитил својот тим.

Според правилата на ФИФА, противничкиот тим може веднаш да тргне од центарот и да ја продолжи играта доколку сите противнички играчи се надвор од теренот.

Идентична ситуација имаше и синоќа на дуелот помеѓу Англија и Тунис, кога Кејн во 91.минута постигна гол за 2:1. Сите Англичани со исклучок на десниот бек Трипие го прославуваа голот надвор од теренот на кој остана само десниот бек на Тотенхем.

Scroll to Top