Германија, последните два натпревари во квалификациите за пласман на Светскот првенство, ќе ги одигра без неколку играчи на Баерн.
Николас Зиле е позитивен на коронавирусот. Фудбалерот на Баерн е вакциниран, не чувствувал никакви симптоми, но според ковид-протоколите, мора да биде во изолација.
Лоша веста за селекторот Ханси Флик е што во изолација мора да одат и лицата кои бил во контакт со Зиле. Тоа се неговите соиграчи од Баерн, Серж Гнабри, Јосуа Кимих и Џамал Мусијала, како и малдинот напаѓач на Слацбург, Карим Адејеми.
Герменија, во минатото коло, го обезбеди првото место во Ј-групата. Во последните две кола Германија ќе игра против Лихтенштајн и Ерменија.